Ахмети го брани Груби: Не побегна, си зема одмор од папараците и јавноста
Од
Објавено на
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, застана зад својот близок соработник иако како партија се оградија од Груби.
За време на неговата посета на Косово, каде што учествуваше на прием организиран од Рамуш Харадинај за ветераните на ОВК, Ахмети изјави дека Груби, не побегнал од Македонија, туку се наоѓа на „албанските простори“.
Според него, Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, но само пред судски процес кој не е „одмазднички или селективен“, како што посочил .
Според Ахмети, товарот и стресот што го носи една ѕвезда како Артан Груби во Македонија е голем и повика на разбирање од јавноста.