Свет

Милановиќ за малку ја испушти победата: Хрватска ќе го добие претседателот во вториот круг

Во вториот круг од претседателските избори влегоа актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ кој го поддржа Социјалдемократската партија и Драган Приморац кој беше поддржан од Хрватската демократска заедница.

Според привремените резултати на Државната изборна комисија, по обработени 98,85 отсто од избирачките места, Милановиќ добил 49,20, а Приморац 19,43 отсто од гласовите.

За Милановиќ гласале 779.995 гласачи, а за Приморац 307.991 гласачи и таа разлика е многу поголема отколку што предвидуваа предизборните анкети.

Марија Селак Распудиќ освои 9,21, Ивана Кекин 8,84, Томислав Јоњиќ 5,01, Миро Буљ 3,79, Бранка Лозо 2,41, а Нико Токиќ Картело 0,88 отсто од гласовите.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јануари.

На почеток