Македонија

Обвинителство крева раменици за распит на Ахмети, сметаат дека они немаат што да го викаат, а МВР можат ако сакаат

Откако Али Ахмети застана во одбрана на бегалецот Артан Груби, а вицепремиерот Иџет Меџити побара лидерот на ДУИ да биде повикан на разговор – Обвинителството ја префрли топката. Тие сметаат дека тоа не треба да го прават, напротив, им посочуваат на МВР како институција која трага по Груби, да го викне Ахмети на разговор, ако сметаат дека треба.

“Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице.

Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот”, велат од Обвинителство.

На почеток