Свет

(Видео) Спектакуларен новогодишен огномет над познатата Сиднејска опера и мостот во Сиднеј

Голем број домашни и странски туристи уживаа во спектакуларниот новогодишен огномет над познатата Сиднејска опера и мостот во Сиднеј во Австралија.

Државата Самоа, Кирибати и Нов Зеланд први влегоа во новата календарска 2025 година, а полноќ отчука и на Фиџи и Австралија.

Сиднеј е еден од првите големи градови кои влегуваат во новата година, па тој дочек го одбележа навистина спектакуларно. Милиони луѓе се собраа за да уживаат во овој поглед над култната Опера.

На почеток