Македонија

Затекнати осум девојки во кафеана на автопатот Тетово – Скопје, три од нив биле странски државјанки кои го злоупотребиле престојот во државата

Ноќта од 30 кон 31 декември, во периодот од 23.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект покрај автопат Тетово – Скопје, сопственост на 43-годишниот Џ.М. од Тетово.

При контролата биле затекнати осум женски лица, од кои пет македонски државјанки и три странски државјанки кои го злоупотребиле туристичкиот престој.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На почеток