Свет

(Видео) Масакр во Црна Гора: неофицијално – најмалку седум убиени, меѓу кои и две деца

Неколку лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во локално кафуле, потврдија за црногорски „Вијести“ од повеќе неофицијални извори.

Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.

Според неофицијални информации загинале четворица мажи и две деца, а ранети се уште три лица.

Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица. После тоа, според достапните информации, пукал на улица.

РТЦГ јавува за седум убиени лица

Порталот на Радиотелевизија на Црна Гора јавува дека има најмалку седум загинати.

Ранетите во пукањето во Цетиње со возило на брза помош се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

На почеток