Свет

Мртов е масовниот убиец од Цетиње! Убил десет луѓе

Министерот Данило Шарановиќ изјави дека бегалецот Ацо Мартиновиќ се обидел да си го одземе животот, но дека не починал на лице место, туку на пат кон болница.

Вршителот на должноста директор на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека Мартиновиќ се наоѓал во населбата Хумци.

ВД директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ вели дека ова е втора трагедија во последните две години што го погоди Цетиње.

Осомничениот напаѓач Ацо Мартиновиќ бил баран во 2022 година, кога кај него било пронајдено оружје. За тоа дело е осуден на три месеци затвор, но пресудата не е правосилна, јавува Радио Телевизија Никшиќ.

На почеток