Свет

Протекуваат нови детали: Ацо во Цетиње уби седум мажи, три жени и две деца на пет локации, Црна Гора размислува за радикален потег

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на социјалната мрежа Х напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледаат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје бидејќи, вели Спајиќ, тоа не треба да биде на улица и во рацете на оние кои можат да им наштетат на другите. Тој објави и тридневна жалост.

– Затоа ќе побарам од новоименуваните раководители на безбедносниот сектор да понудат решенија за обезбедување на безбедноста на нашите граѓани од утре. Јавниот повик за итно вработување на дополнителен број полицајци ќе биде објавен првиот работен ден, без да се чека мислењето на ЕК и Советот на Европа, па итноста ќе ја објасниме подоцна. Уште еднаш апелираме до сите општини да ги откажат сите концерти вечерва. Владата на итна седница донесе одлука – од утре во нашата земја ќе биде тридневна жалост, најави синоќа Спајиќ.

https://x.com/MickeySpajic/status/1874557520280211629

Обвинителката Андријана Настиќ соопшти дека на пет локации се извршени 12 убиства, а на шестото Ацо Мартиновиќ се самоубил. Убиени се вкупно 13 лица, од кои осум мажи (меѓу нив и убиецот), две деца и две жени.

На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице.

Уште четири лица се хоспитализирани и се борат за живот, јавува РТЦГ.

На почеток