Македонија

Судски совет утре избира нов претседател

Еден месец по оставката на поранешната претседателка, Судски совет утре избира нов претседател.

Изборот веднаш по оставката беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.

Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца доаѓаат на предлог на шефот на државата.

Парламентот во декември минатата година изгласа негативен извештај за работата на Судскиот, што го отвори прашањето за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, а за ова неколкупати се изјасни премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На почеток