Македонија

Заменик директорот на „Македонија пат“ застрелал мечка, дивеч под заштита, па се сликал, објави Анима Мунди

Јавноста е револтирана од однесувањето на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго. Тој застрелал мечка па се фотографирал, вели Анима Мунди и додава:

„Мечката е дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането според постојниот закон. Според Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години“.

Фотографијата ја објави невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“.

Од Анима Мунди очекуваат тој да биде разрешен од функцијата, бидејќи, како што велат, вршителите на јавни функции треба да бидат синоним за одговорност, отчетност и почитување на законите, наместо со пушки в рака да убиваат заштитени видови животни и притоа да не одговараат.

На почеток