Прво вето на Силјановска: Не го потпиша указот за двојазични лиценци во градинките
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го стави првото вето и не го потпиша указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките.
„Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на амандамнот 5 од Уставот и актуелната регулатива за употреба на јазиците. Потсетувам дека начинот на употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со закон. Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите и ќе креира јасни, прецизни и недосмислени решенија во согласност со Уставот”, стои во образложението доставено до Парламентот од претседателката.
Оваа информација ја поздравија од СДСМ и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од носење на вакви измени на законот.
„Го поздравуваме непотпишувањето на указот од страна на претседателката, со што се отвора можност за ревизија, и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби што ги содржи законот. Членовите 9 и 10 од Предлог-законот, предложен од Владата, значат воведување двојазични лиценци во областа на детската заштита. Овој сегмент е веќе регулиран со друг закон за употребата на јазиците, а истовремено е спротивен на Уставот на државата. Дополнително, предложените измени враќаат процеси наназад, дозволувајќи лиценцирање во хартиена форма наместо дигитална, што отвора простор за злоупотреби, партизација и сомнително доделување на лиценци по партиски клуч“, истакнаа од СДСМ.