Медиасет

Креаторот на OpenAI e обвинет за силување, го тужи неговата сестра

Ен Алтман, сестра на извршниот директор на OpenAI Сем Алтман, поднесе тужба обвинувајќи го нејзиниот брат за долгогодишна сексуална злоупотреба од 1997 до 2006 година.

Според поднесокот поднесен на 6 јануари во Окружниот суд на САД за Источниот округ Мисури, Ен тврди дека злоупотребата започнала кога таа имала три години, додека нејзиниот брат имал 12 години.

Самиот Алтман, заедно со неговата мајка и браќата, јавно ги отфрли сите наводи во изјавата на платформата X, нарекувајќи ги тврдењата „целосно невистинити“. Во соопштението се истакнува: „Грижата за член на семејството со ментални здравствени предизвици е исклучително тешка. Оваа ситуација носи огромна болка за целото наше семејство“.

Ен Алтман во тужбата наведува дека злоставувањата вклучуваат силување и тврди дека последниот инцидент се случил кога таа била малолетна, а нејзиниот брат веќе бил полнолетен. Во тужбата се бара судење поротата и финансиска штета поголема од 75.000 долари.

Сем Алтман, познат по својата улога во технолошката индустрија, стана глобално препознатлив на крајот на 2022 година кога OpenAI го лансираше ChatGPT, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција.

На почеток