Клучен град пред паѓање!? Руската армија напредува, Украинците направија драстичен чекор: „Сите престанаа да работат!“
Руските сили напредуваат во близина на стратешки важниот град Покровск, а Украина поради тоа го запре производството на јаглен за коксирање во тој град. Рудникот во сè уште неокупираниот дел од регионот Доњецк е еден од клучните производители на челик во земјата, а извори за Ројтерс изјавија дека затворањето се должи на рускиот напредок.
Споменатиот рудник беше единствениот што остана во производството на јаглен за коксирање откако неговото производство, исто како и производството на челик, практично пропадна по руската инвазија.
Footage from a four-vehicle Russian attack toward the Pokrovsk-Kostyantynivka highway in the Vozdvyzhenka area, reportedly on Jan 7. They come under artillery fire, and the rear vehicle gets knocked out by a mine during the approach (48.31731, 37.49446). The rest turn around… pic.twitter.com/cZ4WgaWe6k
— John Hardie (@JohnH105) January 13, 2025
Битката за Покровск трае речиси половина година, борбите се водат од 18 јули минатата година, но руските сили не успеаја да го освојат тој стратешки важен град.
Сепак, тие имаат мал напредок и според украинските блогери, стигнале на помалку од два километри од едно од рударските окна, па Украинците се решиле на ваков драстичен чекор.
🇺🇦 – Ukraine – 13.01 – #UkraineRussiaWar
Selon les dernières modifications de @Deepstate_UA l'armée Rus a très probablement atteint l'autoroute T0406 coupant l’une des voies d'accès sud de Pokrovsk.
+ Zelene est probablement capturée.
En attention d'une confirmation visuelle pic.twitter.com/FXQE4sGFW6— NEXUS (@nexus_osint) January 13, 2025
– Сите престанаа да работат, изјави еден од изворите за Ројтерс, додека друг рече дека евакуацијата е во тек и дека „таму нема производство, се работи само на површината“.
Сопственикот на објектот во Покровск, компанијата Метинвест БВ, веднаш не ги коментираше тврдењата, но потврдија дека прекинале дел од работењето минатиот месец.
Во 2023 година, Украина произведе околу 3,5 милиони тони кокс користејќи исклучиво кокс јаглен ископан во Покровск. Според синдикатот на производители на челик, потенцијалното затворање на рудникот Покровск би можело да предизвика намалување на производството на челик на меѓу два и три милиони тони оваа година од 7,6 милиони произведени во 2024 година.
Украина беше еден од најголемите производители на челик, а во 2022 година, кога започна војната, забележаа пад на производството од 70 проценти на 6,3 милиони тони, а со оглед на тоа што производството успеа да се опорави во 2024 година, јасно е дека падот на Покровск ќе биде огромен удар за индустријата која донесе 4,4 милијарди долари од извоз во 2024 година.