Свет

Австралиската инфлуенсерка си го отрула сопственото бебе, па снимала и барала донации

Австралиска инфлуенсерка е обвинета дека го отрула своето девојче со цел да собере донации и да ги зголеми нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Една жена од Квинсленд тврдеше дека ја снимила битката на своето дете со смртоносната болест на социјалните мрежи, но детективите тврдат дека го дрогирала едногодишното дете, а потоа ја снимила во „екстремна вознемиреност и болка“.

Лекарите ја алармирале полицијата во октомври, кога бебето било примено во болница со сериозни здравствени проблеми. По повеќемесечна истрага, 34-годишната жена беше обвинета за тортура, труење, експлоатација на деца и измама.

„Немам зборови да опишам колку се одвратни дејствија од ваква природа“, изјави за новинарите утринава генералниот инспектор на полицијата во Квинсленд, Пол Далтон.

Жената, чие име не е објавено, но се знае дека живеела во регионот Саншајн Коуст, му дала на детето повеќе лекови. Тоа го направила без одобрение од лекар. Таа дала се од себе за да набави лекови и да го прикрие своето однесување, соопшти полицијата, додавајќи дека користела и лекови наменети за друго лице во нејзиното домаќинство за да ја отруе сопствената ќерка.

Полицијата почнала истрага на 15 октомври, кога бебето било донесено во болница во тешка состојба. Тестовите за неодобрени лекови се покажаа позитивни подоцна во јануари, соопшти полицијата.

Жената собрала околу 37.300 американски долари преку донации на GoFundMe, кои страницата сега се обидува да им ги врати на донаторите, рече инспекторот Далтон. Полицијата истражуваше други луѓе за наводната злоупотреба, но немаше докази за покренување обвинение против некој друг, додаде тој.

Денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето на инфлуенсерката.

На почеток