(Видео) Тројца повредени во несреќата во центарот на Скопје – детали од МВР
Од
Објавено на
На 15.01.2025 околу 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Св. Климент Охридски“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(59) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(47) од с. Волково, скопско.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од возилото „пежо боксер“ Ф.Е.(46) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.