Се скара Зеленски со словачкиот премиер: Те пукаа, зошто не прости? Играте опасна игра додека војната не стигне пред вашите домови
„Владата на Словачка игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и се доближува до Русија“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полски медиуми.
„Словачките лидери играат многу опасна игра. Тие ќе продолжат да го прават тоа додека војната не стигне до нивните домови“, рече Зеленски.
Неговите коментари доаѓаат во време на растечки спор меѓу Украина и Словачка, откако словачкиот премиер Роберт Фицо му се закани на Киев со последици за неговата одлука да го запре транзитот на руски гас во ЕУ.
Фицо, кој ја посети Москва во декември за да разговара за прашањата за снабдување со гас со рускиот претседател Владимир Путин, исто така постојано ја критикуваше воената помош за Украина и санкциите против Русија.
Зеленски во разговор со полските новинари потсети на разговорот со словачкиот премиер на средбата на европските лидери.
„Му реков: „Те пукаа. Зошто не прости? Зошто го уапси тоа лице што те повреди?“, рече Зеленски, правејќи паралела помеѓу руската инвазија на Украина и обидот за атентат врз словачкиот премиер.
Фицо беше тешко повреден откако беше застрелан во словачкиот град Хандлови на 15 мај 2024 година, по состанок на владата. Словачките власти соопштија дека нападот бил политички мотивиран. Осомничениот, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, е приведен и го чека судењето.
@На тоа го потсетив (Фицo) и му кажав дека сите ние, без разлика на вашите позиции, го осудуваме таквиот потег затоа што е пукано во жив човек“, рече Зеленски.
„А тоа е Путин. Тој е истиот. Пука во живи луѓе, иако со туѓи раце“, заклучи Зеленски.