Скопје

(Фото) Теодор Јовевски го извади Светиот крст од водите на Вардар во Скопје

Теодор Јовевски е момчето кое го фати светиот крст во водите на Вардар во Скопје.

„Се надевам дека ќе ми донесе среќа“, кажа Теодор Јовевски кој го фати Светиот крст во Скопје.

Тој за првпат се фрла во водите на Вардар на Водици оваа година.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

На почеток