„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Фото) Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на празникот Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
siljanovska-vodici2925-1

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро положувајќи го светиот крст во нив.

— реклама —

Поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, стотици верници учествуваа во светиот чин, славејќи ги заедништвото и љубовта како темел на нашето духовно богатство.

— реклама —

Претседателката, на најсреќниот меѓу верниците, Мартин Гоџо, кој успеа да го фати светиот крст, му подари уметнички изработена резба. Таа му посака добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, истакнувајќи дека неговото постигнување го облагородува духот на храброст, надеж и посветеност, кои го красат овој возвишен празник.

Продолжувајќи со чествување на празникот Богојавление – Водици, претседателката во Струга присуствуваше на црковната церемонија на осветување на водите и положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим - свет чин, што го изврши неговото Блаженство г. г. Стефан. На Томче Голабоски, најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во осветените води на реката, таа му подари рачно изработена резба, посакувајќи му живот исполнет со здравје, радост и благосостојба и истакнувајќи дека овој празник ја слави обновата на духот, заедништвото и вечната сила на вербата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vodici-2025-ilinden-2

(Фото) Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

Скопје | пред 11 месец

skopje-vodici-2025-5

(Фото) Теодор Јовевски го извади Светиот крст од водите на Вардар во Скопје

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае

Скопје | пред 11 месец

ohrid-vodici

(Видео) Светиот крст од Охридското Езеро годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања