Скопје

Скопјани смрзнуваат без парно

Скопјани револтирано реагираат бидејќи скоро цело Скопје е без парно затоплување.

Од АД ЕСМ Снабдување со топлина, соопштија дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа има намален квалитет во испораката на топлинска енергија.

@Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите”, велат од АД ЕСМ Снабдување со топлина.

Тие корисниците ги упатуваат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, за дополнителни информации.

На почеток