Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
goce-trajkovski-vanja

Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори. Тој пред краток период, сам отишол во ПС Кисела Вода, а откако по него беше распишана потерница.

— реклама —

Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа. Собирале и прегледувале снимки. Требаше да се појави на судењето на 15 ноември, но неговата мајка Кираца Трајковска која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми. Подоцна се дозна од Обвинителството, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.

— реклама —

Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. На последното рочиште за убиството, Обвинителството предложи да не се чита искаазот и да се почека, бидејќи ќе успеат да го лоцираат Трајковски. Останува на судот да одлучи, кога ќе го повика на сослушување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања