Скопје

Со пет пиштоли во „ауди“, дете од Волково се возело низ Скопје

На 23.01.2025 околу 19.10 часот во с.Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар.

По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштоли ги поседувал без дозвола.

По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

На почеток