Скопје

Парното да поскапи, бара ЕСМ

Државната компанија ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје. Според поднесеното барање, ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.

„Со поднесеното Барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година. Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, стои во барањето на ЕСМ.

Регулаторната комисија повикува сите заинтересирани правни и физички лица да ги достават своите мислења и предлози во врска со ова барање најдоцна до 28 јануари 2025 година до 12:00 часот. Предлозите може да се достават преку е-пошта ([email protected]), факс (02/ 32 33 586), или на адреса (ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје).

Целта на ова барање е усогласување на трошоците и количините на топлинска енергија за тековната година, во согласност со финансиските проекции на ЕСМ. Решението за барањето ќе биде донесено по разгледување на сите пристигнати предлози и мислења.

На почеток