Македонија

„Попусто попусти кога цените се исти“ – бојкот на маркетите во петок

Поради високите цени, граѓаните се организираат на социјалните мрежи.

Повикуваат на бојкот на маркетите во петок.

На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) и тоа под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.

„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ се вели на социјалните мрежи.

Во Хрватска минатиот петок успешно започна масевен бојкот на тамошните маркети, а слична акција се најавува и во Црна Гора.

На почеток