Скопје

Ѓорѓиевски со нова одлука за жителите на Кисела Вода – се покачува парична помош за 100 проценти

За 100% ја зголемуваме помошта за новороденчиња!, вели граадоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:

„Денес, со едногласна одлука на Советот, еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно се зголеми. Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари, со што се овозможува значајна помош за родителите во еден од најважните моменти во нивниот живот! Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби.

Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата. Дополнително, во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во Општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности. Со вложувањата во образованието, инфраструктурата и социјалната поддршка, создаваме услови за хармоничен развој на секое дете и активно работиме на создавање здрава и просперитетна иднина.

На почеток