Свет

(Видео) Контролорот на летање го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот 30 секунди пред фаталната несреќа – детали за несреќата во Вашингтон

Американските медиуми откриваат нови детали за судирот на патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер на американската армија што се случи над реката Потомак во Вашингтон.

Неколку минути пред планираното слетување на аеродромот, контролорите на летање прашле патнички авион на Американ Ерлајнс што доаѓаше – дали може да слета на пократката писта на тој аеродром. Пилотите одговориле дека можат, а контролорите потоа дозволиле авионот да слета на пистата 33, јавува Асошиетед прес.

На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот го прашал пилотот на воениот хеликоптер дали може да го види авионот, а еден од членовите на екипажот одговорил дека може. Неколку моменти подоцна повторно се јавил, но потоа се случила страшна несреќа. Во моментот на судирот леталото се наоѓало на височина од околу 120 метри и се движело со брзина од 225 километри на час.

NBC News јавува дека патничкиот авион по судирот се преполовил и е два метри под вода. Хеликоптерот наводно завршил превртен на перките. Нуркачите и другите спасувачки служби трагаат по жртви на реката Потомак.

На почеток