Скопје

(Видео) Многу револт и јасни пораки од протестот за Фросина: „Врските не враќаат човечки животи“

Многу револт кон системот, но и многу јасни пораки се испратија од протестот кој го предизвика случајот во кој загина 22-годишната Фросина Кулавкова.

„Судии крвави ви се рацете“, „Не е несреќа туку убиство“, „Без казна вашите раце се крвави“, „Смртта на Фросина е пропуст на системот“, „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“, Обвинителство = соучесници убијци“, „Врските не враќаат човечки животи“ – ова беа дел од транспарентите со пораки.

Протестот беше за Фросина и сите жртви во сообраќајни несреќи. За систем во кој нема да се казнува според тоа колку врски имаш, туку колку вина имаш. За да не лие крв по улиците.

Протестот не заврши на Партизанска каде загина Фросина Кулавкова. Револтот ќе биде искажан пред Собрание, па пред Обвинителство и суд. Пораката е јасна: се бара правда.

На почеток