Македонија

(Видео) Возачи си направиле трка на Партизанска, на потег каде досега има и загинати пешаци

Автомобили и натаму се тркаат на булеварот „Партизански одреди“, сведочи снимката која ни ја испрати наш читател. Пред осум дена (на 25 јануари), два автомобили „проелтувале“ од семафор до семафор. Возеле со огромна брзина, тркајќи се, кој ќе биде побрз.

Според сведочењето на читателот, автомобилите возеле вака од мостот „Влајко“ до Лептокарија. На овој потег, има најмалку пет пешачки премини. На два од овие пешачки премини, имаше и жртви – на пешачкиот кај ТЦ „Антико“ каде нема ниту семафори и пешачкиот кај „Сити мол“ каде загина младата Викторија Николова.

Министерството за внатрешни работи најави дека нема да толерира девијантно однесување. Јавноста е згрозена по прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова на пешачкиот кај Универзална сала и денеска повторно излегува на протест.

(Видео) Прегазен велосипедист во Карпош 4, каде пред повеќе од година загина возрасен маж

На почеток