„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра е вратен во затвор, не му дадоа да се лекува дома што е препорака од лекари, обзнани адвокатот Пешевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-08-at-02.55.48

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра бил вратен во затворот во Прилеп од велешкиот суд, обзнани адвокатот Драган Пешевски. Ќосето има проблеми со дишењето и движењето, а неговата состојба не може да се санира во затвор, бидејќи нема услови.

— реклама —

Целата објава на адвокатот:

„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!

— реклама —

Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!

Сабајлево како го ослободиле иако во тешка состојба не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат неможам да дишам ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!

Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!!

Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го исратиме, уште неможам да си дојдам на себе... Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања