Целата пресуда со која Васил е осуден на затвор за дрогата: Апелација смета дека само вака казната ќе го „превоспита“


Апелација ја објави пресудата со која воспитната мерка му ја преиначи во затворска казна на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова. Ова доаѓа по сообраќајката, а откако со месеци се чекаше одлука. Судиите Тања Милева, Лирие Елези Ајрулау и Александра Ристеска, сметаат дека ако Васил ќе се освестени само ако биде однесен во затвор.
„Имено, имајќи ги предвид видот, природата и карактерот на кривичните дела, тежината на истите, пропишаната казна затвор, степенот на кривична одговорност на обвинетиот, јачината на загрозеното добро, општествената опасност од аспект на позачестено извршување на овие кривични дела, побудите за сторување на кривичните дела, односно можноста за брза заработка која ја овозможува подажбата на наркотичната дрога, однесувањето на обвинетиот по сторените кривични дела и во таа насока негирањето на неговата инволвираност во истите, објектот на заштитното добро – односно здравјето на луѓето како и начинот и околностите под кои се сторени кривичните дела, видот и количината на наркотичната дрога марихуана и кокаин, во корелација со околностите кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој во време на изршување на кривичните дела бил на возраст од …. години, со завршено средно образование, студент, невработен, неимотен и досега не е осудуван, по наоѓање на овој суд, а како и основано се истакнува во жалбата на ОЈО С. наведените околности анализирани во нивната севкупност и ценети од аспект на нивниот интензитет и значење, упатуваат на заклучокот дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената заводскамерка и дека во конкретниот случај е потребно изрекување на казна затвор со којаќе се изврши доволно воспитно влијание врз обвинетиот во иднина да не се јавувакако сторител на вакви и слични кривични дела, како и позитивно ќе се влијае ина планот на генералната превенција со што ќе се постигнат целите на казнувањето предвидени во член 32 од Кривичниот законик“, стои во пресудата.
Тие сметаат дека за продажбата на марихуана и кокаин, Васил Јованов треба да помине 3 години и 10 месеци.
Целата пресуда:
Case_57F1C096-7337-41B8-811D-47A05AD93D64