Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Украина лансирала 15 дронови кон Русија, а во Доњецк има повредени од ракетните напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ukraina-pozarnikari

Руското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека 15 украински беспилотни летала биле уништени во текот на ноќта над шест региони на Русија.

— реклама —

„Во текот на ноќта, дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 15 украински беспилотни летала: седум беспилотни летала над територијата на регионот Краснодар, три над регионот Брјанск, два беспилотни летала над територијата на Ростовската област и по еден над регионот Белгород и Република Крим“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, а пренесува агенцијата Интерфакс.

— реклама —

Во исто време, украинските медиуми објавија дека најмалку шест жители на Костјантинивка и Краматорск се повредени во руски ракетни напади врз цели во областа Доњецк.

— реклама —

Шефот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, на својот канал Телеграм потврди дека шест лица се ранети во руски ракетни напади на северот на регионот Доњецк, пренесува Укринформ. Според овој украински функционер, Костјантинивка била погодена со четири руски проектили и биле повредени четири лица, кои биле пренесени во болница.

— реклама —

Тој наведува дека најмалку две лица кои биле заедно во една куќа се ранети во руските напади врз Краматорск.

„Во моментов знаеме дека две лица се повредени во приватна куќа, но допрва треба да се утврдат конечните последици од гранатирањето“, објави Филашкин на Телеграм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu003fm5t6kdnccN5FS7

(Видео) Хаос во Москва: Украински агенти поставиле бомба, високи офицер бил цел на напад

Свет | пред 5 часа

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Русија порачува: „Зеленски нема да помине како Мадуро“

Свет | пред 6 часа

media-library7tiq0l1v31f53Ux1w70

(Видео): Тешка железничка несреќа во Русија – воз излета од шините, десетици повредени

Свет | пред 9 часа

SeKXr-

Шведска заплени танкер од руската „тајна флота“: Постои сомнеж дека од него истекувала нафта

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања