Галетановски: Ако не ги исполнам ветувањата на скопјани ќе си понесам кривична одговорност


Во октомври, партиите, коалициите и независните кандидати, ќе истрчаат за да ги освојат градоначалничките и фотелјите во општинските совети. Иако секоја општина е важна, сепак најпрестижно и најатрактивно е местото-градоначалник на Скопје.
Од ВМРО-ДПМНЕ самоуверено очекуваат победа и калкулираат со повеќе имиња, сепак битно им е кој ќе биде од опозициската страна.
Таму исто неколку кандидати кои се ставаат на анкети. Едно од најчесто споменуваните е името на Ѓорѓи Галетановски.Тој е прв човек на најголемата општинска организација на СДСМ, скопската. Ѓорѓи Галетановски, познат по прекарот Чомбе скопјани го запознаа по успешното раководење со скопската Зоолошка градина.
За Скопје1 изјави:
„Можеби моето име е на анкети, но јас не сум зборувал на таа тема со никого.Рано е за такви одлуки, но ако одлучам да се кандидирам за градоначалник на Скопје, тоа нема да зависи само од анкети. Кандидатурата ќе биде со јавно приложени 10.000 потиси од граѓаните за поддршка. Ќе приложам и изјава заверена на нотар за кривична одговорност за неисполнување на изборните ветувања”.
