Скопје

Детали за пукањето во Топанско: Двајца повредени, еден загинат, тројца уапсени

Маж на возраст од 35 години е лицето кое почина откако кон него било пукано на подрачјето во Чаир, велат од МВР. Второто лице кое било со загинатиот, е исто така повредено но во стабилна состојба. И трето повредено лице побарало лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот има повеќе уапсени лица.

„На 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје.

Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

На почеток