🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Кој е Љупчо Коцевски кој завршил Правен на 32 години, а Владата сака да го смени по само една година мандат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
kocevski-1

Владата не мисли дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој на 32 години дипломирал на Правниот факултет, добро го научил или применува правото.

— реклама —

Иако беше очекувано неговото предвремено збогување со функцијата, Коцевски самоуверено настапуваше дека со неговиот избор за државен обвинител работите тргнале на подобро.

Коцевски минатата година ги исполни условите за заминување во пензија бидејќи наполни 64 години. Доколку помине процедурата за разрешување која ја иницираше Владата и гласаат најмалку 61 пратеник, Коцевски заминува во пензија бидејќи нема да има право на апанажа.

— реклама —

Кој е Љупчо Коцевски? Од адвокат директно во Вишо, па во Државно обвинителство.Еве што стои во неговата биографија:

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски е роден на 01.08.1960 година во Тетово.

Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година, а во 1994 година положил правосуден испит.

Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово. Во обвинителството е од 05.11.2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Во текот на обвинителската кариера, Коцевски бил член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони.

На 18.01.2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во републичкото јавно обвинителство е раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција.

Собранието на Република Северна Македонија на 13.02.2024 година го именуваше Коцевски за Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања