Свет

Маж во Босна и Херцеговина ги уби сопругата и синот (13), сега е во бегство

Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Klix.ba Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.

Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.

„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.

Според Klix.ba, убиена е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.

Организацијата „Глас на жените“ излезе со соопштение за убиството:

„Додека чекаме Федералното Министерство за правда конечно да го достави ревидираниот нацрт на измените на Кривичниот законик со кои би се регулирало фемицидот како посебно дело, сведоци сме на чести родови убиства на жени.

Ја повикуваме владата на Федерацијата што поскоро да го достави текстот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Уште едно во низата ужасни убиства врз основа на пол“, велат тие.

На почеток