Скопје

(Видео) Пожар пеплоса стан во „Тафталиџе 2“, станарите се спасиле

Пожар избувна доцна синоќа во „Тафталиџе 2“, каде целосно изгоре стан. Брзо било интервенирано од Противпожарната бригада, а жртви и повредени – нема. Станува збор за стан на улицата „Бриселска“. За сериозноста на пожарот говори и чадот кој вчеравечер се гледаше од сите страни на Скопје.

„Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за Заштита и спасување на општината, беше присутен на лице место и веднаш по гасењето на пожарот, ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, штом завршо увидот на полицијата, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина“, објави Општина Карпош.

Јакимовски исто така кажа дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство, за да им се врати достоинството во нивните животи.

На почеток