Свет

Ватикан објави нови информации за здравствената состојба на папата Франциско

Папата Франциско помина мирна ноќ во болница и појадуваше во средата, објави Ватикан во најновиот извештај за кревкото здравје на папата.

Франциско има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го отежнува лекувањето на 88-годишниот папа кој на 14 февруари беше примен во римската болница Гемели.

Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни во двете бели дробови и да го отежне дишењето.

Ватикан во понеделникот соопшти дека лекарите по втор пат го промениле третманот на папата за време на неговиот престој во болница за да одговорат на сложената клиничка слика.

Фрањо, кој е папа од 2013 година, неколкупати имал грип и други здравствени проблеми во последните две години.

Како млад, тој добил плеврит и морал да му биде отстранет дел од едното белодробно крило, а од неодамна е склон на белодробни инфекции.

На почеток