Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“


Затворениците ќе бидат вклучени во акции за пошумувања кои ќе се случуваат од идната година. Ова е заклучокот од средбата помеѓу директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.
„На средбата донесовме заклучок дека во периодот кој претстои ќе направиме напори за да може затворениците да ги вклучиме во најразлични акции кои се општокорисни и од значење на државата. Во овој контекст, пред се мислиме дека тие луѓе може да ги вклучиме во пошумувањата кои следуваат во наредниве години после пожарите кои ја зафатија Макединија, во одредени конфискации на бесправно посечена дрвна маса каде исто така ние како ЈП “Македонски Шуми” имаме недостаток од кадар и во се она кое може заеднички да го сработиме. Следува период во кој работите ќе ги менуваме од корен и се она што е во интерес на граѓаните ќе го ставиме во приоритет“, вели Михаилов.
Ова доаѓа по највите на Пандов дека во затворите ќе се воспостави ред, а затворениците извршуваат општествено-корисна работа.
