Македонија

Четири маркети си се договарале за колку да зголемуваат и намалуваат цени на производи, поведена постапка

Поведена е прекршочна постапка против неколку ланци маркети кои се договарале за цени на производи, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата. На удар биле четири големи маркети и една стопанска комора, во која тие се здружени. Како што се наведува во соопштението на Комисијата, трговските ланци се договориле да не набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници.

„Контролираните субјекти, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив“, велат од Антимонополската комисија.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата велат дека интензивно вршат контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехрамбени производи и ќе бидат преземени најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да се дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

На почеток