Скопје

Со бензин го запалиле кафе-барот во Кисела Вода, со секира кршеле стакло: Трајковски и уште две лица добија обвинение

Гоце Трајковски и уште две други лица добија обвинение за сторено дело трешки дела против општата сигурност. Обвинителството ги гони дека запалиле кафе бар во Кисела Вода. Трајковски е син на Кираца Трајковска од „Фершпед“, еден од клучните сведоци во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и кумашин на Александар Ѓорчевски.

„По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа на  запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот“.

На почеток