Свет

Путин има само еден приоритет, најави кон што цели во наредниот период

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека ќе им обезбеди на руските сили помодерно оружје и технологија, еден ден пред третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина.

„Им благодарам на сите учесници во специјалната воена операција за нивната борбеност и одлучноста за победа“, рече Путин во видео пораката по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, еден од најважните национални празници во Русија.

Кремљ официјално ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“.

„Денес, среде брзите промени во светот, нашиот стратешки пат кон зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет“, рече Путин.

„Врз основа на искуството и барањата на бојното поле, опремувањето на војниците со ново оружје е приоритет“, додаде тој.

Путин ја даде оваа изјава пред големата прес-конференција што украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има намера да ја одржи денеска. Се очекува Зеленски да зборува за ситуацијата на првите борбени линии.

Конференцијата на украинскиот лидер доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп, во пресврт на американската политика, остро го критикуваше, нарекувајќи го „диктатор“ поради одложувањето на изборите поради војната што Путин ја започна на 24 февруари 2022 година.

САД беа најважниот сојузник на Украина и снабдувач со оружје кога претходникот на Трамп, Џо Бајден, беше на функција, но неодамнешните коментари на Трамп сугерираат дека САД можеби нема да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Додека руската војска продолжува да напредува во источна Украина, независни експерти проценуваат дека се убиени најмалку 95.000 руски војници, но овие бројки не можат да се потврдат. Од почетокот на војната, Путин ја трансформираше земјата во воена економија, а одбранбената индустрија работи со полна пареа.

На почеток