Свет

(Видео) Погодена рафинеријата во Русија. Гувернерот: Отпадоците од дроновите го предизвикаа пожарот

Отпадоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на регионот.

„Според првичните информации нема повредени, а се проценува материјална штета“, напиша гувернерот Павел Малков на апликацијата за пораки Телеграм. Тој не прецизираше за која компанија се работи, но потврди дека службите за итна помош се на терен.

База, информативен канал „Телеграм“ близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во Рјазан, која е во сопственост на Роснефт. Украинците се уште не се изјасниле.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа пожарот што избувна по нападот.

На почеток