Свет

Обвинителен акт за Бака Прасе, му се заканува затворска казна

Првото основно јавно обвинителство во Белград, по спроведената доказна постапка, до судот поднесе обвинителен акт против Богдан Илиќ (28), попознат како Бака Прасе.

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе , обвинителството го товари за затајување данок од повеќе од еден милион динари.

Обвинителството предложи по судењето на обвинетиот, Богдан Илиќ да го осуди на една година затвор, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело.

Нему му се заканува и парична казна од 100.000,00 динари.

На почеток