Скопје

Синот на прегазениот пешак: Возачот избегал, го управувал возилото без дозвола

Синот на повредениот 52-годишен скопјанец во кого удри „волво“, вели дека по несреќата, возачот избегал сосе возило. „Скопје1“ побара детали од МВР, од каде ни посочија дека ќе достават информација кој го управувал возилото и дали има возачка дозвола. Од извори во истрагата дознаваме дека полицијата има траги кои ги следи поврзани со избеганиот возач.

„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо. Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.

Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.

Пешакот по укажаната помош во болница, изутринава бил пуштен на домашно лекување. Тој, според неговиот син, има набиеници на телото и трауми од вчерашната сообраќајка.

Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.

Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал – повредениот однесен во болница

На почеток