Свет

(Фото) Руски напад на Киев: загина едно лице, две се повреднеи

Во напад на руско беспилотно летало во квартот Буча во регионот Киев рано загина едно лице, а други две беа повредени, објави вршителот на должноста гувернер Микола Калашник.

Телото на жртвата било откриено додека пожарникарите гаснеле пожар во двокатна приватна куќа. Во друг дел од областа, во нападот се повредени 20-годишна жена и 44-годишен маж, соопшти Калашник. Оштетени се пет куќи.

Руски беспилотни летала го гаѓаа и Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Остатоци од дрон погодиле деветкатница, при што се повредени две лица.

На почеток