Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

САД тврдат дека Украинците се обиделе да го убијат исповедникот на Путин во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-4124

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид на украинското воено разузнавање да го убие Тихон Шевкунов, кримскиот митрополит на Руската православна црква, во Москва. На ова тврдење нема веднаш реакција од Киев, објави Ројтерс.

— реклама —

Шевкунов, кој со години во руските медиуми беше опишуван како „исповедник на Путин“ - тврдење што ниту го потврди ниту го демантираше - јавно се појавува со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 1990-тите, а Кремљ претходно изјави дека Шевкунов и Путин добро се познаваат.

— реклама —

Во 2023 година, тој беше назначен за митрополит на Крим, станувајќи еден од највисоките функционери на Руската православна црква на полуостровот што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

— реклама —

ФСБ во соопштението наведе дека уапсиле Русин и Украинец во врска со заговорот и дека е запленета импровизирана експлозивна направа. Дополнително наведуваат дека и двајцата осомничени го признале заговорот за атентатот.

— реклама —

Тие додадоа дека двајцата мажи, за кои тврдат дека биле регрутирани од Украина преку апликацијата Телеграм, го планирале обидот за атентат од средината на 2024 година и имале намера да го убијат Шевкунов во Москва.

Украина ја презеде одговорноста за серијата атентати во Русија од почетокот на војната во 2022 година, вклучувајќи го и оној на прорускиот украински блогер Владлен Татарски во април 2023 година и шефот на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, Игор Кирилов, во декември 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryljc6mbs6be9m83S0YOL

Руска блокада на VPN мрежи предизвика хаос: „Масовен банкарски колапс“

Свет | пред 1 час

media-libraryu003fm5t6kdnccN5FS7

(Видео) Хаос во Москва: Украински агенти поставиле бомба, високи офицер бил цел на напад

Свет | пред 15 часа

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Русија порачува: „Зеленски нема да помине како Мадуро“

Свет | пред 15 часа

media-library7tiq0l1v31f53Ux1w70

(Видео): Тешка железничка несреќа во Русија – воз излета од шините, десетици повредени

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања