Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
IMG_3884

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.

— реклама —

Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици.

— реклама —

Судиите пред нив имале неколку опции за постапување, при донесување на одлуката. Па така, можеле да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата (што и го направиле), да ја ублажат веќе изречената казна, да одредат колку ќе се изврши од претходно определената казна.

— реклама —

Јовановски-Боки 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“. Интересно е дека за делото „примање награда за противзаконито влијание“ беа осудени и Сашо Мијалков во „Титаник 2“ каде доби две години затвор (делото му застари), Никола Груевски во случајот „Тенк“ каде доби исто така две години затвор, врховниот судија Наќе Георгиев кој се спогоди за три години затвор, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кој се спогоди за условна осуда.

Сторувањето на кривичното дело „перење пари“, кај Јовановски, го спореа и Коалицијата за правично судење во нивната студија, со тврдење дека не е исполнето битието на делото.

„Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек“, се вели во студијата.

Коалицијата го спореше квалификацијата на делото, нееднаквиот пристап на одбраната и на Обвинителството до доказите, за вештачењето на телефонот на Боки 13 и друго.

Јовановски и моментално е на лекување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања