Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пресврт во „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Амзовски се откажа од прогон на Боки 13, кажа дека верувал на Ременски и Кирацоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
boki-13-megjunaroden-sojuz

Пресврт на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“ се откажа од кривичен прогон на Бојан Јовановски-Боки 13, како и од оштетното побарување кое го имаше. Тој кажа дека во проектот влегол поради Фросина Ременски и Александар Кирацовски, додавајќи дека Јовановски, според него, воопшто не е виновен.  Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, за „Скопје1“ посочува дека обвинетиот и Амзоски склучиле спогодба.

— реклама —

„На последната главна расправа беше сослушан Адријан Амзовски кој во исказот ги опиша конекциите со Бојан Јовановски по однос на проектите и изјави дека лица од политиката Фросина Ременски и Александар Кирацовски биле лица во кои имал доверба, биле присутни на средбите и натеран да учествува во проектите. Потврди дека во овие проекти влегол заради нив и никогаш немало да соработува со Бојан Јовановски да не бил уверуван од нив. Адријан Амзовски се откажа од оштетно побарување и од кривичен прогон бидејќи врз основа на граѓанската пресуда склучил спогодба со Бојан Јовановски да му бидат вратени парите и истата е делумно исполнета и верува дека ќе биде исполнета во целост“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.

— реклама —

Амзовски и при првото сведочење пред Кривичен суд кажа дека на состаноците помеѓу него, Јовановски и Јасна Мандиќ, доаѓала и Фросина Ременски која беше ослободена од вина при изрекување на пресудата за овој случај, но и Александар Кирацовски кој го убедувал дека овој проект ќе успее. Токму присуството на тогашните функционери, како што рече, му било важно за да стекне доверба. Па така, дал 350.000 евра кеш за проектот со европски центри за возрасни лица кој не се реализираше. Според договорот, тие имале обврска да го изградат комплексот, а претставниците на „Меѓународен сојуз“ да им обезбедат државно земјиште кое би го купиле за 1,5-1,8 евро за квадрат, да обезбедат да не се плаќаат комуналнии, како и градежна дозвола…

— реклама —

Претходно, пресудата за „Меѓународен сојуз“ со која осуден беше Бојан Јовановски беше укината. Судењето почна од ново. Се изведуваат докази преку кои Јовановски и остантите обвинети докажуваат дека немаат вина, наспроти Обвинителството кое не се откажа од кривичниот прогон. Дејствијата кои претходно и се ставаа на товар на Ременски која е осолободена од вина, сега му се ставаат на товар на Јовановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања