„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Компанија „Ѓока“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје, објави Призма. Министерот за здравство Арбен Таравари за БИРН потврдил дека оваа албанската фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години.

— реклама —

На огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.

Приватниот партнер треба да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клиничкиот центар, а за возврат државата да добие еден отсто од вкупните остварени годишни приходи.

— реклама —

Според проценката на Министерството за здравство, инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над десет милиони евра. Моментно, на Клиничкиот центар има 800 паркинг места, а со двете катни гаражи би се добиле уште 800 до 900.

„Ѓока констракшн“ во Албанија со години добива големи тендери. Еден од нив е изградбата на автопатот кој треба да го поврзе Дебар со Тирана. Покрај со градежништвото, семејството Ѓока има компании поврзани со енергетскиот бизнис.

Сега со паркингот на Клинички центар стопанисува ЈП „Градски паркинг“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања