Зеленски ги коментира руските напади на Добропиље

Од
Објавено на

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на серијата руски напади што во текот на ноќта го погодија градот Добропилија, во источна Украина.
„Ваквите удари покажуваат дека целите на Русија останаа непроменети“, пишува тој на Телеграм, додавајќи: „Затоа, многу е важно да продолжиме да правиме сè за да ги заштитиме животите, да ја зајакнеме нашата противвоздушна одбрана и да ги заостриме санкциите кон Русија. Сè што му помага на Путин да ја финансира војната мора да биде уништено“.
