Прорускиoт десничар Ѓеорѓеску доби забрана за учество на изборите, немири во Букурешт


Во Букурешт врие откако Централната изборна комисија му забрани на прорускиот десничар Калин Ѓеорѓеску да учествува на претседателските избори во мај.
Тринаесет полицајци се повредени во насилни протести во Букурешт.
500 приврзаници на Ѓорѓеску се собрале пред седиштето на Комисијата, ја урнале оградата па потоа дошло и до пресметка со полицијата.
Во стариот дел на Букурешт, демонстрантите фрлале камења, петарди и шишиња, палеле контејнери, по што полицијата со солзавец се обидела да го спречи хаосот и да ги растера демонстрантите.
Калин Ѓеорѓеску вети дека ќе се бори за да биде вклучен во повторените претседателските избори.
Ѓорѓеску е силен критичар на членствто на Украина во НАТО, но и на поддршката на ЕУ кон Украина. Тој изјави дека Европа е во диктатура, Романија е под тиранија.
Европската комисија се оградува од случувањата и вели дека изборите во Романија се работа на властите во таа земја.
